Zehra Ulucak
02 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Како последица од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Бразил во текот на изминатите 24 часа починаа 623 лица, додека во Мексико 237 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на бразилското Министерство за здравство, бројот на починати поради Ковид-19 се искачи на 29.937, со зголемување од 623 во последните 24 часа.
Бројот на дијагностицирани случаи во земјата достигна 526.447 со пораст од 12.247 во последното деноноќие.
Според информациите што ги објавува интернет-страницата „Worldоmeter“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а втора во светот зад САД според бројот на лица позитивни на тестот за Ковид-19.
- Во Мексико во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 237 лица -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, бројот на починати поради Ковид-19 се зголемил за 237 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на починати достигна 10.167.
Бројот на откриени случаи во земјата достигна 93.435, со пораст од 2.771 во последното деноноќие.
На 27 мај во Мексико за првпат беа регистрирани над 500 смртни случаи од вирусот во текот на 24 часа.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај поврзан со вирусот беше на 19 март.