06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 4.832.118 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 236.619.613 лица, а оздравеа 213.742.973 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 44.781.200 случаи на заразување со Ковид-19.
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 33.871.881 заразени, Бразил со 21.499.074, Велика Британија со 7.967.985, Русија со 7.637.427, Турција со 7.296.879, Франција со 7.033.755, Иран со 5.651.961, Аргентина со 5.261.935, Шпанија со 4.967.200, Колумбија со 4.964.454, Италија со 4.686.109, Германија со 4.272.750, Индонезија со 4.221.610, Мексико со 3.691.924, Полска со 2.912.876, Јужноафриканска Република со 2.907.619, Филипини со 2.613.070, Украина со 2.482.518, Малезија со 2.294.457, Перу со 2.180.149, Ирак со 2.014.104, Холандија со 2.011.530, Јапонија со 1.705.778, Чешка со 1.696.016, Тајланд со 1.667.097, Чиле со 1.657.749, Канада со 1.643.420, Бангладеш со 1.559.452, Израел со 1.296.343, Романија со 1.289.156, Пакистан со 1.253.868, Белгија со 1.253.587, Шведска со 1.155.534 и Португалија со 1.072.037.
Во исто време, САД се и земја со најголем број на смртни случаи предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 724.728 лица во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 598.871 починат, Индија со 449.568, Мексико со 279.894, Русија со 211.696, Перу со 199.520, Индонезија со 142.338, Велика Британија со 137.152, Италија со 131.118, Колумбија со 126.455, Иран со 121.563, Франција со 116.923, Аргентина со 115.323, Германија со 94.419, Јужноафриканска Република со 87.922, Шпанија со 86.621, Полска со 75.741, Турција со 65.137 и Украина со 57.526.
Досега оздравеа 213.742.973 лица позитивни на коронавирусот.
Во моментов во светот има 18.044.522 активни случаи на заразување со Ковид-19, од кои 85.294 заразени се наоѓаат во критична здравствена состојба.