06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека повеќе од 75 отсто од возрасните кои живеат во земјите членки на ЕУ се во потполност вакцинирани против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија на својот профил на социјалните мрежи ги објави најновите податоци за бројот на вакцинирани.
„Секој час и доза се важни“, порачаа од Европската комисија, истакнувајќи дека досега повеќе од 75 отсто од населението над 18 години во ЕУ е целосно вакцинирано против Ковид-19.
„Целосната вакцинација штити од инфекција и хоспитализација и сѐ уште е најдобриот метод за заштита од вируси и нови варијанти“, се додава во соопштението.
ЕУ има за цел до крајот на летото да вакцинира 70 отсто од возрасните во своите земји членки, а на 31 август беше објавено дека стапката на вакцинација достигнала 70 отсто.