Islam Doğru
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа предизвика смрт на 474 лица со што вкупната бројка на починати од заразеност со коронавирусот во оваа земја се искачи на 118.339, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да го држи приматот на земја со најголем број заразени и смртни случаи во светот.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, на која секојдневно се ажурираат информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, последните 24 часа во САД се детектирани 20.734 новозаразени, со што вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 2.183.598.
Како последица на заразеност со коронавирусот, последните 24 часа во САД животот го загубија 474 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 118.339.
Според бројот на лица позитивни на Ковид-19, зад САД следат Бразил со 891.556, Русија со 545.458 и Индија со 344.788.
Иако е забележан пад во бројот на заразени и смртни случаи на дневно ниво, сојузната држава Њујорк продолжува да биде епицентар на заразата во САД.
Досега во Њујорк се детектирани 405.139 лица позитивни на коронавирусот, додека 30.952 заразени ги загубија животите.
По Њујорк следат Њу Џерси со приближно 170 илјади заразени и Калифорнија со 155 илјади.
Од почетокот на заразата досега во САД се извршени 25.268.000 тестирања, а оздравеа 890 илјади заразени.