Zehra Ulucak
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
АНКАРА (АА) - Клиничките испитувања во Кина откриле дека лекот фавипивавир е ефикасен во борбата против новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на кинеската телевизија CGTN, челникот на кинескиот Национален центар за развој на биотехнологијата, Џанг, истакна дека во градот Шензен е спроведено клиничко теститање во кое се вклучени 80 пациенти со коронавирус.
Џанг соопшти дека тестирањето покажало дека лекот фавипивавир, закрепнувањето од 11 дена го намалил на 4 дена во полесни случаи.
Тој исто така рече дека лекот ја намалува температурата кај пациентите во просек од 2,5 дена, а претходно тој просек изнесувал 4,2 дена, и дека од лекот не се забележани значителни несакани ефекти.
„Фавипивавир е на јапонскиот пазар од 2014 година и нема некои очигледни несакани ефекти“, нагласи Џанг.
Во изјавата не даде детални информации за клиничките испитувања на други лекови, вклучувајќи го и ремдесивир.
„Колкава е штетата на Ковид-19 кај лицата кои закрепнаа од него сѐ уште не е јасна, за да се одреди тоа потребни се повеќе медицински набљудувања“, посочи Џанг.
Џанг Шинмин во изјавата на 15 февруари рече дека кинеските научници проучувале околу 70.000 лекови и хемиски компоненти, од кои 100 се избрани за тестирање во лабораториски амбиент.
Наведувајќи дека 3 од овие лекови се ветувачки, Џанг рече дека хлороквин дифосфат, фавипиравир и ремдесивир биле тестирани на луѓето. Тој исто така изјави дека тестирањето за хлороквин дифосфатот, кој најмногу се користел кај лекувањето на маларијата, продолжуваат во 10 болници во Пекинг и Гуандонг.
Според него, тестовите за фавипиравир кој се користи кај грипот, продолжуваат.
Истакна дека тестирање на лекот ремдесивир, развиен за лекување на ебола, биле извршени во многу клиники во Вухан и дека имал доволно превентивно дејство против Ковид-19.
Од друга страна, Ванг Хишхинг, шеф на новата Комисија за здравство во покраината Хубеи, во изјавата за медиумите дадена на 17 февруари рече дека во некои болници во Вухан исто така се користеле традиционалните третмани на кинеската медицина.
Наведувајќи дека во борбата против Ковид-19 се користи западната медицина и традиционалните лекови, Ванг рече: „Нашите напори почнаа да даваат добри резултати.“