Riyaz Ul Khaliq
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Уште една кинеска вакцина против Ковид-19 влегува во третата фаза на клиничко испитување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Биотехнолошката компанија „Чунгкинг џифеи“ (Chongqing Zhifei) објави дека на домашен терен ја започнала третата клиничка фаза на испитување на вакцината против Ковид-19“, објави „Глобал тајмс“ (Global Times).
Кинеската компанија за испитувањето регрутира 29.000 лица од целиот свет.
Основана во 1995 година, компанијата истражува, произведува и продава вакцини и биолошки производи, меѓу кои производи за превенција, производи за крвта, дијагностички реагенси и терапевтски агенси.
Според кинеските официјални претставници, земјата има 13 кандидат-вакцини кои влегуваат во клинички испитувања, од кои пет вакцини се во третата фаза од испитувањето.
Над 100 вакцини против Ковид-19 се во различни фази на развој низ целиот свет.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ (Pfizer) и германската биотехнолошка компанија „БајоНТек“ (BioNTech) минатиот месец соопштија дека нивната вакцина има ефикасност од 95 отсто.
Велика Британија вчера стана прва земја која ја одобри употребата на вакцината врз населението во земјата, којашто е развиена од „Фајзер“ и „БајоНТек“.