Ekipa
22 Јануари 2023•Ажурирај: 24 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Кина регистрира над 12.600 смртни случаи предизвикани од коронавирусот во неделата пред одбележувањето на лунарната Нова година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот Центар за контрола и превенција на болести вчера соопшти дека од 13 до 19 јануари, во болниците од Ковид-19 починале 12.658 лица.
Најнаселената земја на светот пријави 59.938 смртни случаи во периодот меѓу 8 декември и 12 јануари.
Наглото укинување на кинеската политика на „нулта Ковид-19“ во декември овозможи вирусот да дојде во допир со 1,4 милијарди луѓе во Кина, откако беа под строги мерки од појавата на вирусот во 2019 година.
Според последните податоци, заклучно со 19 јануари, во болниците имало 471.739 пациенти со Ковид-19, од кои над 51.000 се во критична состојба.
Здравствените експерти стравуваат дека вирусот може да предизвика големи проблеми во селата со слаба здравствена инфраструктура.