Barış Seçkin
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 433 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 23.660, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната одбрана на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално се наоѓаат 108.257 активен случај со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 178.972.
Се вели дека денес се излекувани 2.128 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 47.055 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 433 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 23.660 лица.
Според соопштеното, 2.635 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Се вели дека досега во Италија извршени се 1 милион 356 илјади и 541 тестирање за Ковид-19.