Barış Seçkin
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 165 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 30.560, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 84.324 активни случаи на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 219.070.
Денес се излекувани 2.155 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 105.186 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 165 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 30.560 лица.
Според соопштеното, 1.027 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 2.565.912 тестирања за Ковид-19.