Barış Seçkin
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 431 лице поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 19.899, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 102.253 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 156.363.
Тој нагласи дека се излекувани нови 1.677 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 34.211 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 431 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 19.899 лица. Ова е најнизок број на починати во дневна база од 19 март досега. На 19 март починаа 427 лица.
Според него, денес се откриени 1.984 нови случаи со Ковид-19.
Тој рече дека 3.343 лица се наоѓа во интензивна нега, додека истакна тој, досега се извршени 1 милион 10 илјади и 193 тестирања за Ковид-19.