Barış Seçkin
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 53 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.899, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 35.262 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 197 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 234.998.
Денес се излекувани 759 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 165.837 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 53 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.899 лица.
Според соопштеното, 287 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.236.535 тестирања на Ковид-19.