Barış Seçkin
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 111 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.340, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 43.691 активен случај на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 416 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 232.664.
Денес се излекувани 2.789 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 155.633 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 111 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.340 лица.
Според соопштеното, 450 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 3.824.621 тестирање на Ковид-19.