свет, Коронавирус

Иранскиот министер за здравство: „До крајот на мај Ковид-19 ќе го ставиме под контрола“

Ковид-19 во Иран за првпат беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се прошири низ целата земја

Mustafa Melih Ahıshalı  | 07.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Иранскиот министер за здравство: „До крајот на мај Ковид-19 ќе го ставиме под контрола“

ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за здравство, Саид Немеки, рече дека Иран има за цел епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, да ја стави под контрола до крајот на мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Персиската новинска агенција, Немеки во неговото обраќање до пратениците во иранското Собрание ги оценил најновите случувања во земјата во врска со Ковид-19.

„Се надевам дека Ковид-19 ќе го ставиме под контрола до крајот на мај“, нагласи Немеки.

Потсетувајќи дека санкциите на САД негативно влијаат на борбата против коронавирусот, Немеки рече: „Сè уште не успеавме да ја контролираме болеста. Не чекаме болеста да нè нападне, ние со големиот број тестови ја напаѓаме болеста.“

Наведувајќи ја важноста на социјалното растојание и изолацијата за да може да се контролира вирусот, Немеки нагласи: „Одолговлекувањето на епидемијата ѝ штети на економијата. Ние се грижиме одлуките донесени во рамките на здравствените мерки да не ја уништат економијата.“

Ковид-19 во Иран за првпат беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се прошири низ целата земја.

Заклучно со вчера, бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Иран достигна 3.739, а бројот на заболени 60.500.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.