Ahmet Dursun
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Во Иран, во изминатите 24 часа, како последица на заразувањето со Ковид-19 починаа 66 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.249, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека бројот на оздравени надминал 100.000.
Тој изјави дека во изминатиот ден е потврдено заразување кај уште 2.392 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 129.341.
Џиханпур истакна дека 2.655 заразени се наоѓаат во критична состојба и додаде дека од почетокот на пандемијата во Иран се тестирани 746.045 примероци.
Заменик-министерот за здравство на Иран, Кан Бабаи, за иранската новинска агенција ИЛНА соопшти дека околу 10.000 здравствени работници се заразени со Ковид-19.