Mustafa Melih Ahıshalı
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 64 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 7.183, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 2.346 лица.
Џиханпур истакна дека вкупниот број на заразени достигнал 126.949.
Тој изјави дека 2.673 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, а дека досега се излекувани 98.808 лица кај кои е потврдено заразување со Ковид-19.
Во Иран првиот случај на Ковид-19 е забележан на 19 февруари во градот Ком.