Emre Aytekin
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
АНКАРА (АА) – Во Индија, една од земјите што се најмногу погодени од епидемијата на Ковид-19, бројот на дневни случаи се зголеми на над 20.000, а во Јужна Кореја над 1.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Индија, во изминатите 24 часа од коронавирусот починале 286 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 148.475.
Во последните 24 часа во земјата се откриени 20.550 нови случаи, вкупно 10.244.853. Оздравени се 9.834.141 лице.
Според интернет-порталот „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и трета според бројката на смртни случаи поврзани со Ковид-19.
- Кина -
Во Кина во последните 24 часа забележани се 24 новозаразени со Ковид-19, од кои 7 потекнуваат од земјата, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 87.027.
Според податоците на Националната здравствена комисија на Кина, во последните 24 часа во земјата не е забележан ниту еден смртен случај од последици предизвикани од коронавирусот.
Во Кина, каде што се појави Ковид-19 , досега починаа 4.634 лица, а оздравени се 82.037 лица претходно заразени со вирусот.
- Јужна Кореја -
Од Јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на болести е наведено дека во земјата во изминатите 24 часа се откриени 1.050 нови случаи, со што вкупниот број на случаи е зголемен на 59.773.
Во изминатите 24 часа починаа уште 20 лица, вкупно 879 од почетокот на пандемијата.
Досега оздравеа 41.435 лица претходно заразени со вирусот.