Турција, Коронавирус

Ердоган телефонски разговараше со лидерите на Алжир и Индонезија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со неговите колеги од Алжир и Индонезија, соопшти турскиот Директорат за комуникации,

Sefa Mutlu  | 26.05.2020 - Обновена : 27.05.2020
Ердоган телефонски разговараше со лидерите на Алжир и Индонезија

ИСТАНБУЛ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со неговите колеги од Алжир и Индонезија, соопшти турскиот Директорат за комуникации, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Директоратот се вели дека Ердоган разговарал одвоено со лидерот на Алжир, Абделмаџид Тебун и лидерот на Индонезија Џоко Видодо.

Лидерите разменија честитки по повод Рамазан Бајрам.

Ердоган и Тебун дискутираа за борбата против Ковид-19 и билатералните односи како и регионалните прашања.

Претседателот Ердоган во разговорот со Видодо дискутираше за борбата против Ковид-19 и чекорите за зајакнување на односите меѓу двете земји.

Новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони во светот. САД, Русија, Бразил и неколку европски земји се најтешко погодени од вирусот.

Пандемијата одзеде речиси 348.000 животи во светот, регистрирани се над 5.54 милиони лица позитини на Ковид-19, а од заразеност со вирусот оздравеа 2.27 милиони луѓе, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ од САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.