свет, Коронавирус

Тврдења дека бројките за смртноста до Ковид-19 не ја одразуваат вистината во Британија

Според документите на Националниот институт за статистика, врз основа на уверенијата за причина на смртта, до 23 мај во В.Британија имало 47.343 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19

Hasan Esen  | 26.05.2020 - Обновена : 27.05.2020
Тврдења дека бројките за смртноста до Ковид-19 не ја одразуваат вистината во Британија

ЛОНДОН 

Во Велика Британија се регистрирани над 37 илјади смртни случаи, но потоја тврдења дека всушност вистинската бројка на починати од заразеност со новиот тип на коронавирус изнесува 47.343, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Велика Британија, вкупниот број на смртни случаи во оваа земја изнесува 37.048, во кои се вметнати 134 лица пои починаа последните 24 час. Бројот на лица кои биле позитивни на Ковид-19 изнесува 265.227, од кои 2.004 последните 24 часа.

Во последното деноноќие направени се 109.979 тестови, со што вкупниот број на тестови во оваа земја достигна 3.681.295.

Во меѓувреме, според документите на Националниот институт за статистика, врз основа на уверенијата за причина на смртта, до 23 мај во В.Британија имало 47.343 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19. Овие бројќи се засновани врз регистирраните случаи во Англија и Британија (42.173) и Шкотска и Северна Ирска и според последните смртни случаи во болниците.

Во исто време во соопштението на институтот се вели дека постои тенденција на опаѓање на бројот на смртни случаи предизвикани од вирусот.

Според бројот на смртни случаи В.Британија се наоѓа на првото место во Европа, а на второ место во светот зад САД.

Во фаза владата на В.Британија водеше политика на „контролирано ширење на вирусот со цел да се добие социјален имунитет“, но по анализите дка во таков случај е можно бројот на смртни случаи да изнесува приближно 300.000 лица и по упатените критики, направи чекор наназат и ја смени стратегијата.

На 23 март В. Британија воведе ограничувања во движењето, а на 13 мај ги олабави рестрикциите во движењето, овозможувајќи излегување на улица поради вежбање, а лицата кои не беа во можност да работат од дома, како што се работниците во градежништвото и производството, добија дозвола да се вратат на работните места.

Во рамките на одлуката за олабавување на мерките за заштита од ширење на вирусот, на 1 јуни учениците од прво и шесто одделение повторно ќе се вратат во ученичките клупи, ќе се отворат пазарите на отворено, а од 15 јуни ќе започнат и другите продавници во малопродажбата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.