Sefa Mutlu
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека како што во последните 18 години ги исполниле сите ветувања дадени на турскиот народ, така ќе го исполнат и ветувањето во борба против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се обрати со кратка порака преку официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Она што ние го правиме не е само дадено ветување, туку вложување на сите напори тие ветувања да се исполнат. Како што го исполнивме секое наше ветување во изминатите 18 години, ќе го исполниме и ветувањето дадено на народот во борбата против Ковид-19 и на тој начин ќе се разочараат сите оние кои очекуваат Турција да се сопне на својот пат“, порача Ердоган.
Со пораката на Твитер, Ердоган објави и видео снимка во која се зборува за процесот на борбата против Ковид-19 во Турција, изградбата на нови градски болници, испраќање помош на земјите низ светот, како и за проблемите во кои се наоѓаше турскиот здравствен систем за време на 90-тите години.