Servet Günerigök
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи денес изјави дека доколку земјите не ги следат упатствата за нивно повторно отворање за време на пандемијата на Ковид-19 и го направат тоа премногу брзо би можело да доведе до сериозни последици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој во сведочењето од дома пред Конгресот изјави дека е загрижен оти може да се забележи влошување на ситуацијата, со тоа што малиот пораст на заболените би можел да се претвори во епидемија.
Фаучи исто така предупреди „дури и под најдобри околности“ ќе има зголемување на случаи на заразување со коронавирус.
„Способноста и капацитетот за добра идентификација, изолација и следење на контакти ќе утврди дали може да се одговори на одбрана од заразата за да се продолжи со обидот за повторно отворање на САД“, изјави Фаучи.
Фаучи ги даде овие забелешки откако американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ги повикува државните гувернери да го забрзаат процесот на повторно отворање на нивните економии, бидејќи САД се зафатени со голема невработеност предизвикана од затворањето на масовните бизниси, како дел од мерките за спречување ширењето на Ковид-19.
Според податоците на универзитетот Џон Хопкинс повеќе од 82 илјади смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се регистрирани во САД. Првиот смртен случај беше пријавен на 29 февруари во Вашингтон.
Оваа недела, неколку земји се соочија со протести од страна на нивните граѓани кои се противат на рестрикциите и сакаат да се вратат во нормала.
Во САД од Ковид-19 се заразени повеќе од 1,39 милиони лица.