Esin Eşkinat Sayılgan
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
ЊУЈОРК
Ентони Фаучи, главен советник за здравствени прашања на американскиот претседател Џо Бајден и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, истакна дека вакцинацијата на наставниците треба да стане задолжителна со цел да се заштитат децата кои се премногу мали за да се вакцинираат за заштита од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за телевизијата „Ем-ес-ен-би-си“ (MSNBC) Фаучи рече: „Изгубивме повеќе од 615.000 луѓе и се наоѓаме сред голем бран пред започнување на училишната сезона. Ситуацијата е многу сериозна.“
Фаучи исто така наведе дека законските регулативи за условот за вакцинација ќе ги донесат државните и локалните власти, а не федералната држава.
- Случаите на Ковид-19 кај децата се зголемуваат
Во последната недела, 94.000 деца во САД се заразија со Ковид-19, бројка која во споредба со претходната недела е зголемена за 34 проценти.
Американската академија за педијатрија минатата недела соопшти дека 15 проценти од новите случаи во Соединетите Американски Држави се регистрирани кај деца.
Експертите наведуваат дека децата се возрасната група која најмалку беше заразена со Ковид-19. Стапката на деца кои ги загубија животите поради пандемијата во 43 држави во САД е помеѓу 0 и 0,26 проценти.