Ekipa
07 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
ЛУКСОР
Крузер на Нил со повеќе од 150 лица и членови на египетскиот екипаж се наоѓа во карантин во градот Луксор, откако 12 лица биле позитивни на тестирањето на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Египетските здравствени официјални лица објавија дека кај тајванско-американски турист кој бил на бродот, регистриран е коронавирусот по неговото враќање во Тајван кон крајот на февруари.
Локалните власти наведоа дека меѓу патниците има и државјани на САД, Франција и Индија. Официјално здравствено лице на оваа земја изјави дека 12 лица се изолирани на бродот, додека останатите се во очекување на резултатите од тестирањето.
Заедно со новите регистрирани случаи, во Египет 15 лица се заразени од вирусот Ковид-19.