Vakkas Doğantekin
19 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
АНКАРА (АА) - НАСА им наложи на своите вработени да работат од дома откако двајца вработени беа позитивни на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Раководството на НАСА одлучи сите центри и објекти на НАСА да ги подигне на ниво 3 од Рамките за одговор. Ефективно веднаш, сите вработени и изведувачи ќе преминат на задолжителна телекомуникациjа до понатамошна одлука“, истакна администраторот на НАСА, Џим Брајденстајн.
„Персоналот од суштинско значење за мисиите ќе продолжи со вообичаениот начин на работа“, додаде тој.
Очекуваната одлука беше донесена непосредно откако Центарот за истражување „Амес“ во Калифорнија и Центарот за вселенски летови „Маршал“ во Алабама беа ставени на ниво 3, кога двајца вработени во овие објекти беа позитивни на тестирањето за Ковид-19.
Последната фаза (ниво) од Рамката за одговор на НАСА е фазата 4. Објект при ниво 4 се затвора со неколку исклучителни случаи, а сите патувања се прекинуваат.
Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, во САД, бројот на починати од новиот тип коронавирус се искачи на 150, а вкупниот број потврдени случаи изнесува над 9.400.