Ayhan Şimşek
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
БЕРЛИН (АА) - Германија ја засили својата кампања за бустер вакцинација против Ковид-19, додека земјата се подготвува за новиот бран на пандемијата поради варијантата Омикрон која брзо се шири, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените власти потврдија дека досега се аплицирани 29 милиони бустер дози и дека околу 33 милиони ќе бидат достапни за секого во наредните три недели.
„Ние го избравме патот на „бустер вакцинации со рекордна брзина“ за да се намалат смртните случаи и тешки симптоми од Омикрон“, рече министерот за здравство, Карл Лаутербах на Твитер.
„Бустер вакцината го намалува ризикот. Аплицирањето на што е можно повеќе бустер вакцини, останува наша стратегија“, додаде тој.
Владата обезбеди 30 милиони дози од вакцината на „Модерна“, како и 3 милиони дози од вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“ за бустер кампањата, според Министерството за здравство.
Европските земји, вклучително Велика Британија, Франција и Шпанија, регистрираа рекорден број на случаи на коронавирусот оваа недела, поради новата омикрон-варијанта.
Германскиот Институт „Роберт Кох“ во петокот пријави 35.431 нов случај на дневно ниво со 370 смртни случаи.