Cüneyt Karadağ,Erbil Başay
28 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
БЕРЛИН
Германската канцеларка Ангела Меркел во врска со случувањата на Источниот Медитеран истакна дека имаат обврска да ги сметаат за сериозни правата на Грција и тоа што таа го кажува, и да ја поддржуваат оваа земја кога е во право, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сите ние како земји членки на ЕУ имаме обврска да ги сметаме за сериозни правата на нашите грчки пријатели и тоа што го кажуваат тие. Но, јас вложив напор за тензијата да не се зголемува. Понекогаш тоа е можно само преку преговарање на двете страни повторно и повторно“, нагласи Меркел на прес-конференцијата која традиционално ја одржува за време на летниот период.
Таа рече дека со францускиот претседател Емануел Макрон интензивно разговараат за односите со Турција.
„Овие односи се мултидимензионални. Турција е сојузник на НАТО. Спорот е меѓу две земји членки на НАТО. Тоа не може да нѐ остави индиферентни. Затоа, треба да ги разјасните овие прашања во Алијансата“, додаде таа.
На прашањето дали е можен разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Меркел одговори дека денес не е предвидено да реализираат разговор, при што рече: „Но со него често разговараме. Како што се случува секогаш, кога ќе има разговор, ќе ве информираме навремено.“