свет, Коронавирус

Германија: Вкупниот број на случаи на Ковид-19 надмина два милиони

Институтот „Роберт Кох“ објави дека во последните 24 часа се потврдени 22.368 нови случаи на заразување и 1.113 смртни случаи од последиците на Ковид-19, што е над седумдневниот просек во две категории.

Ayhan Şimşek  | 15.01.2021 - Обновена : 15.01.2021
Германија: Вкупниот број на случаи на Ковид-19 надмина два милиони

БЕРЛИН

Вкупниот број на случаи од коронавирусот (Ковид-19) од почетокот на пандемијата во Германија денес надмина два милиони, а другиот бран од Ковид-19 продолжува да се шири низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Институтот „Роберт Кох“ објави дека во последните 24 часа се потврдени 22.368 нови случаи на заразување и 1.113 смртни случаи од последиците на Ковид-19, што е над седумдневниот просек во две категории.

Со тоа вкупниот број на смртни случаи во Германија се зголеми на 44.994, а случаите на заразување со Ковид-19 надмина два милиони.

Германија во ноември минатата година достигна граница од милион заразени со Ковид-19 и бележи двојно поголем број на дневните случаи, што ја покажа сериозноста на другиот бран од епидемијата.

Германските здравствени власти неодамна открија заразување со верзија на вирусот кој се појави во Велика Британија, но сеуште е нејасно дали неодамнешниот број на нови случаи е поврзан со тој мутиран облик на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın