свет

САД на црна листа ставија две кинески компании

- Соединетите Американски Држави (САД) ставија две кинески компании на црната листа, тврдејќи дека тие ја загрозуваат националната безбедност, се вели во соопштението на Одделот за трговија

Övünç Kutlu  | 15.01.2021 - Обновена : 15.01.2021
САД на црна листа ставија две кинески компании

АНКАРА

Соединетите Американски Држави (САД) ставија две кинески компании на црната листа, тврдејќи дека тие ја загрозуваат националната безбедност, се вели во соопштението на Одделот за трговија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кинеската национална нафтена корпорација (CNOOC) е ставена на црната економска листа на САД, а „Скајризон“ на листата на воени крајни корисници.

„Двете компании ја загрозуваат националната безбедност на САД; Нафтената корпорација помага во тоа Кина да ги заплашува соседите во Јужното Кинеско Море, а „Скајризон“ со можноста за развој, производство или одржување на воени предмети, како што се моторите на воените авиони“, се вели во соопштението.

Секретарот за трговија, Вилбур Рос, изјави дека постапките на Пекинг за здобивање интелектуална сопственост и технологија во нејзините напори за милитаризација претставуваат закана за националната безбедност на САД и безбедноста на меѓународната заедница.

Интелектуалната сопственост и технолошкиот трансфер беа значајни, но нерешени прашања меѓу Вашингтон и Пекинг меѓу кои дојде до трговски конфликт за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Пред да ја напушти функцијата на 20 јануари, Трамп го засили притисокот врз кинеските компании, вклучувајќи ги и апликациите „ТикТок“ и „Ве Чет“, и се обиде да избрише од списокот неколку компании чии акции се дел од тргувањето на њујоршката берза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.