Bilal Acar
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 животот го загубија 1.248 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на британската агенција за јавно здравје, во последните 24 часа откриени се 48.682 случаи со Ковид-19, а вкупниот број на случаи се зголеми на 3.260.258.
Со смртта на 1.248 луѓе во последните 24 часа, бројот на починати во земјата се зголеми на 86.015.
Во текот на 24 часа направени се 628.556 тестови, вкупниот број на тестови се искачи на 59.538.320.
Поради Ковид-19, во болниците на земјата 36.797 лица продолжуваат да се лекуваат. Во интензивната нега се наоѓаат 3.626 пациенти.
Во Велика Британија првата доза на вакцината Ковид-19 до сега ја примија 2.918.252 лица. Додека втората доза 437.977 лица.
Од друга страна, градоначалникот на Лондон Садик Кан истакнувајќи дека е загрижен од тоа што за Лондон не е обезбеден доволен број на вакцина рече дека ќе разговара со Владата за да ја добие количината на вакцина, што го одразува бројот на случаи во градот и потребата.
По појавата на видот од вирусот кој побрзо се шири, во Велика Британија забележани се сериозни зголемувања на случаи и починати.
Земјата беше повторно во карантин од 5 јануари, а британскиот премиер Борис Џонсон побара од јавноста да не излегува на улица.
Премиерот Џонсон исто така рече дека болниците се под поголем притисок од кога било поради епидемијата „Ковид-19“.