Sarp Özer
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
АНКАРА
Се очекува следната недела да продолжат техничките разговори на воените делегации на Турција и Грција во седиштето на Северноатлантскиот сојуз (НАТО), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одржувањето на технички состаноци на турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Како резултат на состаноците одржани во седиштето на НАТО, на 2 октомври 2020 година беше соопштено дека е постигнато заедничко разбирање за „општите принципи“.
Според информациите добиени од безбедносни извори, на разговорите кои не се водеа еден период поради неучеството на Грција, ќе се дискутира за Источниот Медитеран.