Şenhan Bolelli
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
МАДРИД (АА) - Бројот на луѓе што починаа од епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Шпанија во последните 24 часа се зголеми за 410, со што вкупниот биланс достигна 20.453. Оваа бројка е евидентирана како „најмал број на смртни случаи во последните 5 недели“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија го ажурираше бројот на починати и новозаразени со вирусот Ковид-19.
Во Шпанија во последните 24 часа се регистрирани 410 смртни случаи. Вчера бројката на смртни случаи беше 585. Ова е најмал пораст на смртните случаи во последните 5 недели. Најмал број смртни случаи беше регистриран на 22 март, кога од Ковид-19 починаа 394 лица.
Дневните смртни случаи од Ковид-19 во Шпанија на највисоко ниво се искачија на 2 април, кога животот го загубија 950 лица.
Министерството соопшти дека досега во земјата од коронавирусот починале вкупно 20.453 лица.
Бројот на регистрирани случаи во оваа земја во текот на 24 часа се зголеми за 4.218, со што вкупната бројка се искачи на 195.944.
Бројот на пациенти што го победија Ковид-19 во земјата се искачи на 77.357, со зголемување од 2.695 во последните 24 часа.
Во Шпанија од 14 март воведена е вонредна состојба за борба против Ковид-19, а премиерот Педро Санчез синоќа соопшти дека оваа состојба ќе продолжи до 9 мај со олабавување на мерките во одредени социјални и економски области.