Во Црна Гора втор смртен случај од коронавирусот
Според последните податоци, во Црна Гора има вкупно 85 заразени со новиот тип коронавирус Ковид-19, додека под здравствено-санитарен надзор се 6.278 лица
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Клиничкиот центар на Црна Гора почина уште едно лице позитивно на коронавирусот, а во земјата досега регистирани се 2 смртни случаи од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Како што соопштија од Клиничкиот центар, пациентот (79) бил без знаци на тешко оштетување на респираторната функција и не бил кандидат за респиратор.
„Непосредната причина за смртта е поврзана со влошувањето на тешката хронична срцева слабост, која не е поврзана со коронавирусот“, истакнуваат од Клиничкиот центар.
Според последните податоци, во Црна Гора има вкупно 85 заразени со новиот тип коронавирус Ковид-19, додека под здравствено-санитарен надзор се 6.278 лица.