свет, Коронавирус

Во светот три милиони луѓе починаа од последици предизвикани од Ковид-19

Најголем број на смртни случаи во светот до денеска има во Соединетите Американски Држави (САД), каде што досега починаа 578.993 заразени

Emre Aytekin  | 16.04.2021 - Обновена : 17.04.2021
Во светот три милиони луѓе починаа од последици предизвикани од Ковид-19

АНКАРА (АА) - Бројот на луѓе кои починаа поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) низ светот достигна 3 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот , досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 3 милиони лица.

Најголем број на смртни случаи во светот до денеска има во Соединетите Американски Држави (САД), каде што досега починаа 578.993 заразени.

По САД следуваат Бразил со 365.954, Мексико со 211.213, Индија со 174.335, Велика Британија со 127.191, Италија со 115.937, Русија со 104.398, Франција со 100.073, Германија со 80.141 и Шпанија со 76.882 починати.

Заклучно со 15 април, во Турција животот го загубија 35.031 лице.

Од почетокот на заразата со новиот тип коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и набргу се прошири низ целиот свет, досега се регистрирани 139.710.707 случаи, додека од вирусот оздравеа 118.763.479 заразени.

Продолжува лекувањето на 17.910.479 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın