Büşra Selvi Öğütcen
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
АНКАРА
Во светот со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) досега заразени се над 92 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка ситуација од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на коронавирусот во светот е зголемен на 92.009.660.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 23.368.225 лица.
По САД следуваат Индија (10.495.816), Бразил (8.195.637), Русија (3.448.203), Велика Британија (3.164.051), Франција (2.806.590), Турција (2.346.285), Италија (2.303.263), Шпанија (2.137.220), Германија (1.957.492), Колумбија (1.816.082), Аргентина (1.744.704), Мексико (1.556.028), Полска (1.395.779), Иран (1.299.022), Јужноафриканската Република (1.259.748), Украина (1.124.430) и Перу (1.040.231).
Во светот од Ковид-19 починаа 1.970.095 лица, додека 65.822.734 лица оздравеа од овој вирус.