Zehra Ulucak
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во светот од последиците на коронавирусот Ковид-19 починаа 110.005 лица, додека бројот на заразени се зголеми на 1.795.630, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Worldometer“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Најголем број смртни случаи, 20.580, потврдени се во Соединетите Американски Држави (САД).
Следуваат Италија (19.468), Шпанија (16.972), Франција (13.832), Велика Британија (9.875), Иран (4.474) и Белгија (3.600).
Во Кина, земјата во која во декември минатата година избувна вирусот, починаа 3.339 лица.
Во Германија се потврдени 2.871 смртен случај, 2.737 во Холандија, 1.141 во Бразил, 1.101 во Турција и 1.081 во Швајцарија.
Од овој вирус до денеска се излекувале 411.871 лице.