Islam Doğru
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.831 лице од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 20.608 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите кои се најмногу погодени од Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.
Според последните податоци објавени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 28.391 лицe, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 530.006 лица.
Во последните 24 часа починале уште 1.831 лице од оваа пандемија во САД, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 20.608 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 166.019 случаи, и Италија со 152.271 случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 181.825 случаи и 8.650 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (58.151 случај, и 2.183 починати) и Мичиген (23.605 случаи, и 1.384 починати).
Во САД извршени се вкупно 2 милиони 688 илјади и 766 тестирања за Ковид-19, додека од овој вирус излекувани се 32.110 лица.
Бројот на лицата кои се лекуваат во болница ширум земјата изнесува 82.809.