Hasan Esen
12 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа уште 737 лицa поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 10.612 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на оваа земја, бројот на починати се искачи од 9.875 на 10.612 лица.
Во ова соопштение се нагласува дека бројот на случаи со Ковид-19 во земјата со раст од 5.288 се искачи на 84.279 лица.
Во последните 24 часа 12.776 лица биле тестирани за Ковид-19, додека вкупната бројка на извршени тестирања изнесува 352.974.