Emre Aytekin
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
АНКАРА
Во светот над 32 милиони луѓе се заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави интернет-страницата „Worldometer“, бројката на лица позитивни на Ковид-19 во моментов изнесува 32.101.060.
Во САД каде што се забележани најголем број лица носители на Ковид-19, досега се регистрирани 7.119.713 лица позитивни на коронавирусот.
Листата на првите 10 земји со најголема бројка на заразени со Ковид-19 по САД изгледа вака:
Индија (5.727.750), Бразил (4.602.241), Русија (1.122.241), Колумбија (777.537), Перу (776.546), Мексико (705.263), Јужноафриканска Република (693.556), Шпанија (663.282), Аргентина (652.174) и Франција (481.141).
Бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот во Турција изнесува 308.069.
Новиот тип коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се рашири во повеќе од 200 земји и региони од светот. На светско ниво, од последици на заразувањето со Ковид-19 досега животот го загубија 982.020 лица позитивни на коронавирусот.
Од лицата заразени со Ковид-19 оздравеа 23.682.042 лица, а 7.436.998 се активни случаи чие лекување продолжува.