Oktaj Omeragikj
05 Ноември 2021•Ажурирај: 06 Ноември 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 5.047.782 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 249.477.876 лица, а оздравеа 225.919.957 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-порталот „Worldometers“, кој секојдневно ги ажурира информациите поврзани со случаите на коронавирус во светот, Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 47.187.256 случаи на заразување со Ковид-19. По САД, меѓу земјите со над 2 милиони заразени со Ковид-19 се Индија со 34.332.407, Бразил со 21.849.137, Велика Британија со 9.208.219, Русија со 8.714.595, Турција со 8.150.708, Франција со 7.190.334, Иран со 5.964.824, Аргентина со 5.293.989, Шпанија со 5.022.546, Колумбија со 5.009.007, Италија со 4.788.704, Германија со 4.697.673, Индонезија со 4.246.802, Мексико со 3.818.216, Полска со 3.076.518, Украина со 3.032.951, Јужноафриканска Република со 2.923.054, Филипини со 2.797.986, Малезија со 2.492.343, Перу со 2.204.424, Холандија со 2.166.796 и Ирак со 2.060.066 лица.
Земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразување со новиот тип на коронавирус во светот е САД со 772.315. Меѓу земјите со над 100.000 смртни случаи предизвикани од коронавирусот се Бразил со 608.715, Индија со 459.875, Мексико со 289.131, Русија со 244.447, Перу со 200.350, Индонезија со 143.500, Велика Британија со 141.395, Италија со 132.283, Колумбија со 127.417, Иран со 126.921, Франција со 117.849 и Аргентина со 116,055 починати.
САД со 37.194.111 оздравени се и земја со најголем број лица оздравени од коронавирусот. По САД, меѓу земјите во кои оздравеле над 2 милиони заразени со коронавирусот се Индија со 33.715.722, Бразил со 21.047.296, Турција со 7.617.367, Русија со 7.505.971, Велика Британија со 7.492.475, Иран со 5.560.951, Аргентина со 5.160.163, Шпанија со 4.876.514, Колумбија со 4.852.854, Италија со 4.569.045, Германија со 4.342.600, Индонезија со 4.091.938, Мексико со 3.181.631, Јужноафриканска Република со 2.815.840, Полска со 2.729.487, Филипини со 2.716.524, Малезија со 2.396.244 и Ирак со 2.009.921 оздравен.
Според податоците објавени на интернет-порталот „Ourworldindata.org“, кој ги следи информациите во врска со вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од светот, на светско ниво досега се администрирани 7,2 милијарди дози вакцини, при што со најмалку една доза се вакцинирани 50 % од светската популација, а секојдневно се администрираат 29 милиони дози вакцини.