İdris Sülün
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани повеќе од 4,84 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Ourworldindata.org“ објавува ажурирани податоци во врска со процесот на имунизација против коронавирусот во светот.
Во имунизацијата во предност е Кина каде што се дадени 1,9 милијарди дози од вакцините против коронавирусот.
Индија е втора, со повеќе од 562,15 милиони дози вакцини, потоа следуваат САД со околу 358,6 милиони. Во Бразил се аплицирани над 168,16 милиони дози, во Јапонија бројката на дадени дози вакцини изнесува 114,66 милиони, Германија има аплицирано 98,71 милион дози, Велика Британија 88,4 милиони, Турција 86,76 милиони, Индонезија 84,6 милиони и Франција, 81,86 милиони дози вакцини.
Турција е осма земја во светот со најмногу аплицирани дози, а податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во таа држава се дадени 86.766.030 дози.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.
Во Турција започна да се даваат и трета доза.
Податоците објавени на страницата „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 210,2 милиони луѓе, додека од последиците на вирусот починаа повеќе од 4,40 милиони.