Rabia İclal Turan
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
АНКАРА
Во светот досега се дадени повеќе од 4,97 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Ourworldindata.org“ објавува ажурирани податоци во врска со глобалниот процес на имунизација против коронавирусот.
Во имунизацијата во предност е Кина во која се дадени над 1,95 милијарди дози од вакцините против коронавирусот.
Индија е втора со повеќе од 580,77 милиони дози вакцини, па следуваат САД со околу 362,66 милиони.
Во Бразил се аплицирани над 176,62 милиони дози, Јапонија 118,31 милион, Германија 99,34 милиони и во Велика Британија 89,33 милиони дози.
Според податоците на турското Министерство за здравство, Турција има аплицирано повеќе од 88,7 милиони дози од вакцините. Над 45,93 милиони лица во земјата ја примија првата доза на вакцината, а повеќе од 35,09 милиони лица ги примија двете дози.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, но некои земји исто така аплицираат три дози. Турција има дадено над 7,7 милиони од третата доза на вакцината.
Индонезија има аплицирано повеќе од 88,9 милиони дози, Франција 82,9 милиони, а по нив следуваат Мексико, Русија, Италија, Шпанија и Канада.
Бројот на случаи на заразување со Ковид-19 низ целиот свет сега изнесува над 211,89 милиони, вклучувајќи повеќе од 4,43 милиони смртни случаи, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.