свет, Коронавирус

Во светот бројот на случаи со Ковид-19 се искачи на 1.5 милиони

Земја со најголем број случаи е САД - 422.800, а потоа следат Шпанија со 146.690 случаи, Италија со 139.422, Франција со 112.950 и Германија со 111.779 лица дијагностицирани со Ковид-19

Emre Aytekin  | 09.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Во светот бројот на случаи со Ковид-19 се искачи на 1.5 милиони

АНКАРА (АА) - Бројот на случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот ја надмина бројката од 1,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА)

Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците поврзани со Ковид-19 низ земјите и регионите, вкупниот број на потврдени случаи во светот достигна 1.501.062.

Земја со најголем број случаи е САД - 422.800, а потоа следат Шпанија со 146.690 случаи, Италија со 139.422, Франција со 112.950 и Германија со 111.779 лица дијагностицирани со Ковид-19.

Во Кина, каде што се појави епидемијата, регистрирани се вкупно 81.802 заразени.

Земјите со над 10 илјади потврдени случаи на вирусот се:

Иран (64.586), Велика Британија (60.733), Турција (38.226), Белгија (23.403), Швајцарија (23.248), Холандија (20.549), Канада (19.195), Бразил (15.927), Португалија (13.141), Австрија (12.941) и Јужна Кореја (10.384).

Ковид-19, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, се прошири во скоро 200 земји и региони и прерасна во пандемија.

Од коронавирусот досега во светот починаа 87.830 луѓе, а се излекуваа 319.214 заразени лица.

Во моментов, на лекување има 1.094.018 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.