Nuri Aydın,Nazlı Yüzbaşıoğlu
21 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
АНКАРА (AA) - Во светот вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип на коронавирус (Ковид-19) надмина 77,18 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА):
Според податоците што ги објави интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.699.878 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 77.184.964, а оздравеа 54.101.196 заразени.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во оваа земја се детектирани 18.267.579 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 324.869.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (10.056.248), Бразил (7.238.600), Русија (2.848.377), Франција (2.473.354), Велика Британија (2.040.147), Турција (2.024.601), Италија (1.953.185), Шпанија (1.817.448), Аргентина (1.541.285), Германија (1.514.783), Колумбија (1.507.222), Мексико (1.320.545), Полска (1.202.700) и Иран (1.158.384).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:
Бразил (186.773), Индија (145.843), Мексико (118.202), Италија (68.799), Велика Британија (67.401), Франција (60.549), Иран (53.625), Русија (50.858), Шпанија (48.926), Аргентина (41.813), Колумбија (40.475), Перу (37.103), Германија (26.764), Полска (25.397), Јужноафриканска Република (24.691), Индонезија (19.880), Белгија (18.626), Турција (18,097), Украина (16.665), Чиле (16.154), Романија (14.394), Канада (14.228), Еквадор (13.948), Ирак (12.697), Холандија (10.491) и Чешка (10.411).