Ali Cura
02 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
МОСКВА
Во Русија со Ковид-19 се заразени 661.165 лица, додека бројот на починатите е зголемен на 9.683, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на болести во Русија соопшти дека во последните 24 часа вирусот е потврден кај 6.760 лица и дека бројот на заразените е зголемен на 661.165.
Во последните 24 часа бројот на починатите е зголемен за 147 и изнесува 9.683. Воедно, бројот на излекуваните е поголем за 6.047 и изнесува 428.978.
Трендот на пораст на бројот на заразени на дневно ниво е 1 отсто, а 32,1 отсто од заразените не покажуваат симптоми.
Во Москва, во последните 24 часа се потврдени 662 случаи на заразување, вкупно 222.871, додека бројот на починатите е поголем за 39 и изнесува 3.870.
Заводот за заштита на правата на потрошувачите и јавното здравје во Русија соопшти дека до денеска на присуство на Ковид-19 се извршени 20,1 милион тестирања.
Во Русија првиот случај на Ковид-19 е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај поврзан со Ковид-19 е забележан на 19 март. Кон крајот на март се воведени низа мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Неодамна започна ублажувањето на воведените мерки, но и понатаму е на сила обврската за носење маски и ракавици.
Во Москва од 9 јуни е укинато ограничувањето на движењето воведено на 30 март.