Dmitri Chirciu
05 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
МОСКВА
Во Русија со Ковид-19 се заразени 1.225.889 лица, додека од последиците на Ковид-19 починаа 21.475 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за превенција и контрола на Ковид-19 во Русија соопшти дека во последните 24 часа заразувањето е потврдено кај 10.888 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 1.225.889.
Во последните 24 часа се потврдени 117 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 е зголемен на 21.475, додека бројот на излекувани е поголем за 3.181 и изнесува 982.324.
Кај 26,3 отсто од новозаразените не се забележани симптоми на болеста, додека трендот на пораст кај бројот на новозаразени изнесува 0,9 отсто.
Во Москва во последните 24 часа се потврдени 3.537 случаи на заразување, односно вкупно 307.477, а регистрирани се и 27 нови смртни случаи, вкупно 5.730.
Руската служба за заштита на јавното здравје и потрошувачките права изјави дека во изминатите 24 часа биле извршени 358.000 тестирања, односно вкупно повеќе од 48 милиони.
Од друга страна сите компании во Москва, освен оние во одбранбениот сектор или другите клучни сектори, започнаа со работа од дома кај 30 отсто од вработените.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека првиот смртен случај е потврден на 19 март.
Со подобрување на епидемиолошката состојба во земјата, мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот се ублажени, но воведена е обврска да се носат маски и ракавици во затворени простории или на места каде што живеат голем број луѓе.
Во земјата на 1 септември започна новата учебна година, но во училиштата не е воведена обврска за носење маски, ниту за почитување на социјалната дистанца.