Ömer Tuğrul Çam
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
БРИСЕЛ
Челничката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се наоѓа во изолација поради присуство на состанокот на кој се придружи и лице заразено со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лејен на социјалната мрежа напиша дека во вторникот присуствувала на состанок на кој се придружило и лице кај кое вчера е потврдено заразување со Ковид-19.
„Во согласност со протоколот до утре ќе бидам во изолација“, напиша Фон дер Лејен, која наведе дека во четвртокот се тестирала и дека резултатот бил негативен.
Таа наведе дека и денес извршила тестирање и дека ги чека резултатите.
Фон дер Лејен не го наведе идентитетот на заразеното лице. Челничката на Европската комисија минатата недела присуствуваше и на Самитот на лидерите на ЕУ.
Претходно претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, помина една недела во изолација бидејќи еден од членовите на обезбедувањето бил заразен со Ковид-19. Исто така, уште двајца членови на Комисијата соопштија дека се во изолација поради слични причини.