Dmitri Chirciu
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
МОСКВА - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Русија е детектиран кај вкупно 1.712.858 лица, додека бројката на смртни случаи се зголеми на 29.509, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата се откриени 19.404 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 1.712.858.
Во последните 24 часа оздравеа 12.238 лица, со што вкупниот број на оздравени се искачи на 1.279.169, додека вкупниот број на починати е зголемен на 29.509, од кои 292 во последното деноноќие.
- Вкупниот број на тестирања изнесува 63 милиони -
Во Москва, во последните 24 часа регистрирани се 5.255 новозаразени, со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 450.436, додека бројката на починати во истиот период изнесува 67, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 7.071.
Службата за јавно здравје и заштита на потрошувачите соопшти дека во изминатите 24 часа се спроведени 570.000 тестирања, вкупно 63 милиони од почетокот на пандемијата.
- Епидемијата на Ковид-19 во Русија -
Првиот случај на зараза со коронавирусот во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.
Вчера, со бројката од 19.768 лица позитивни на коронавирусот забележан е „највисокиот број на заразени на дневно ниво“ во земајта.
Во Русија на 28 октомври во сила стапи обврската за задолжително носење маски на јавни места, во возилата за јавен превоз, такси-возилата и во лифтовите, како дел од мерките преземени против Ковид-19.
Освен во Москва, во целата земја, во периодот од 23:00 до 6:00 часот забранета е работата на центрите за забава, рестораните, ноќните клубови и кафулињата.