Behlül Çetinkaya
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Пакистан во последните 24 часа се регистрирани 105 смртни случаи како последица на коронавирусот, со што вкупниот број на починати се зголеми на 6.695, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Пакистан објави дека во последните 24 часа се регистрирани 3.946 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 185.034.
Во последните 24 часа извршени се 24.599 тестирања, со што вкупниот број на тестирања од Ковид-19 се зголеми на 1.126.761.
Првиот случај на Ковид-19 во Пакистан е регистриран на 26 февруари, а досега оздравеа 73.471 заразени со Ковид-19.