Büşra Selvi Öğütcen
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа во Кина се потврдени 43 нови случаи на заразеност со коронавирус, додека во Јужна Кореја откриени се 23 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на националната здравствена комисија на Кина се наведува дека меѓу 43 заразени што се детентирани во последните 24 часа, 7 случаи кои се поврзани со странство.
Останатите случаи регистрирани се во Ујгурската автономна област Синкјанг (28) и во Љаонинг (8).
Во Кина во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај кој е предизвикан од коронавирус.
Вкупниот број на заразени во земјата достигна 84.428, додека бројот на починати остана ист, 4.634.
Од почетокот на пандемијата во земјата оздравеа 79.013 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19, додека во моментов активни се 781 случаи.
- Јужна Кореја
Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја информираше дека последните 24 часа се потврдени 23 нов случај на зараза, од кои 20 се поврзани со странство.
Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја достигна 14.389. Од последици на заразеност со коронавирусот починаа 301 лице, додека оздравеа 13.280 заразени.