Dildar Baykan
03 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на извршување на смртна казна врз Џохар Царнајев, одговорен за нападот врз Бостонскиот маратон 2013 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп преку Твитер реагираше на одлуката на Федералниот апелациски суд кој ја поништи смртната казна за Царнајев.
Нагласувајќи дека нападот врз Бостонскиот маратон е „најлош терористички напад“ во историјата на Америка по нападот на 11 септември, Трамп порача дека „мал е бројот на луѓе кои заслужуваат смртна казна како што тоа го заслужува бостонскиот бомбаш Џохар Царнајев“.
„Федералната Влада мора повторно да поднесе барање за смртна казна. Нашата држава не смее да дозволи спроведување на жалбена одлука. Исто така, смешно е судскиот процес да трае толку долго“, наведе Трамп, потсетувајќи дека во нападот настрадале голем број на луѓе.