свет, Коронавирус

Во Кина 600 милиони дози вакцини ќе бидат спремни за продажба до крајот на годината

„Ќе има важна најава во следната една до две недели во однос на развојот на вакцините против Ковид-19. Во моментов најавата е во завршна фаза“

Fuat Kabakcı  | 04.12.2020 - Обновена : 05.12.2020
Во Кина 600 милиони дози вакцини ќе бидат спремни за продажба до крајот на годината

АНКАРА (АА) – Во Кина оваа година 600 милиони дози вакцини ќе бидат ставени на располагање на пазарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според извештајот на весникот „Саут чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), Ванг Џунџи, еден од експертите на Кинеската инженерска академија, даде изјава за студиите за вакцинација во градот Вухан, во покраината Хубеј.

„Ќе има важна најава во следната една до две недели во однос на развојот на вакцините против Ковид-19. Во моментов најавата е во завршна фаза“, рече Ванг.

Алудирајќи на инактивната вакцина која овозможува да се активира имуниот систем на луѓето со инјектирање на слаба верзија од вирусот, Ванг рече: „Како што беше планирано, 600 милиони дози инактивна вакцина ќе бидат спремни да бидат понудени на пазарот оваа година.“

Во Кина два типа на инактивни вакцини беа развиени од Кинеската национална група за биотехнологија.

Третата инактивна вакцина развиена од „Синовак бајотек“ (Sinovac Biotech) е во третата фаза на клиничко испитување во Јужна Америка, Блискиот Исток и во некои азиски земји.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın